Општинско основно училиште
„Страшо Пинџур“ КавадарциМисија
Визија
Училиштето да биде центар за модерно образование според европски стандарди кои на учениците ќе им пружат нови видици во животот и основа за натамошна надградба.
Мото
Училиште во кое сите напредуваат
За "Страшо Пинџур“
Основното училиште „Страшо Пинџур„ е лоцирано на улица Димката А. Габерот бр. 3 во Кавадарци. Патронот на училиштето е народниот јунак Страшо Пинџур.
Во состав на училиштето работат: од 1975 година посебни паралелки,од 1992 година полни подрачни училишта во с.Дреново и с.Возарци од 1 до 9 одделение, какои ученички дом-интернат во с.Дреново,а во с.Марена паралелки од 1 до 5 одделение. Во училиштето од 2001/02 година започнува соработа дневениотпрестој,за сите ученици од општината.
Училиштето е со статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца, ученици од 1 до 9 одделение.
Eco school
Статус на Еко училиште
Нашето училиште има добиено статус на еко училиште од март 2015 година.
Училиштето со своите ученици и наставници редовно реализираат еко активностите.
Директор
Илинка Бакева
Основна задача на нашето училиште е воспитно –образовните потреби да се прилагодат на средината со цел високо квалитетно подучување и ангажирање на учениците во креативни процеси со конкретна примена. Настојуваме во континуитет да обезбедиме висок степен на одговорност и професионалност на сопствениот кадровски потенцијал во извршувањето на поставените задачи и цели.
нашето училиште
Училиште во кое сите напредуваат – Приредби – Тимска работа – ЕКО активности …
Еко училиште
Географско катче
Паралелки со посебни потреби
Новости и соопштенија
Дводневна екскурзија со учениците од VI одделение
Со големо задоволство ја реализиравме дводневната екскурзија со учениците од 6 одделение во Берово и Струмица, согласно програмата за ученички екскурзии на Министерство за образование и наука. Преку дружење, учење и истражување, учениците имаа можност да се запознаат...
Екскурзија во Скопје со учениците од III и IV
Денес според целите од предметот историја и општество за IV одд се реализира екскурзија во Скопје. Се посетија неколку места: Црквата Св.Спас и гробот на Гоце Делчев парк и ЗОО и Музејот на револуционерната борба. Учениците се стекнаа со нови знаења но и покажаа...
ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ “КИРИЛ И МЕТОДИЈ” !
ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ "КИРИЛ И МЕТОДИЈ" ! Одбележан 24 Мај- денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Св. Методиј, со активности на првачињата и нас. Т.Каровска во продолжен престој. [gallery...
24 Мај – Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј
Преку низа активности поврзани со словенските браќа Св. Кирил и Методиј, учениците од I – V одд., од ПОУ ,,Страшо Пинџур" во с. Дреново, го одбележаа 24 Мај – Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј ...
51 Државна изложба на детски ликовни творби
На 51 Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, одржана во Битола, учениците Борис Спанџов од IX одделение и Радица Дисанска од VI оделение освоија прво место. На изложбата беа претставени и...
Светскиот ден на пчелата Ia одделение
Ние, ученици од Iа одделение вредни сме како пчелки. Го одбележавме и Светскиот ден на пчелата - ден посветен на едно од најважните суштества на нашата планета, симбол за трудољубивост и незаменлив дел од екосистемот. [gallery...
ученици
број на паралелки
наставници
година на основање
Информации за контакт
Локација: ул: ,, Димката Ангелов Габерот“ бр. 3 Кавадарци
Телефон: 043 / 410 –958